Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон со принцот Џорџ, принцезата Шарло и принцот Луис на парадата на Trooping the Colour во 2024 година/Фото/ EPA-EFE/TOLGA AKMEN

ФОТО | „Таа е буквално копија на татко ѝ“ — Неверојатна сличност на принцезата Шарлот и принцот Вилијам на новата фотографија што ја сподели Кејт Мидлтон

Новата заедничка фотографија од принцот Вилијам и принцезата Шарлот, објавена по повод неговиот роденден и Денот на татковците, веднаш предизвика лавина од реакции. Многумина забележаа дека нивната сличност е уште поизразена.

Фотографијата ја објавија на социјалните мрежи Кејт Мидлтон и нивните деца Џорџ, Шарлот и Луис, а е снимена во градините на Кенсингтонската палата по овогодишната церемонија „Trooping the Color“. На неа, принцот Вилијам ја прегрнува насмеаната Шарлот, а сите само коментираат колку малата принцеза личи на својот татко.

 


Поводот за објавата бил двојната прослава бидејќи принцот Вилијам 21 јуни го прослави 44-от роденден, а истиот ден во Велика Британија и во САД се обележуваше и Денот на татковците. Заедно со фотографијата, била објавена и пораката: „Среќен роденден и Ден на татковците на најдобриот татко на светот! Те сакаме многу“, потпишана од Кејт, Џорџ, Шарлот и Луис.

Принцезата Шарлот и претходно често ја споредуваа со нејзиниот татко, но новата фотографија дополнително ги зајакна таквите впечатоци, првенствено поради изразот на лицето и насмевката, па се нижат коментарите „принцезата Шарлот е близначка на татко ѝ“ и „таа е буквално негова копија“, „исти се“

Интересно е тоа што за нивната сличност уште во 2020 година посочил и самиот Вилијам, кој, гледајќи ја својата стара фотографија, рекол: „Дали тоа сум јас? Бидејќи тоа изгледа исто како Шарлот. Неверојатно е.“

 

Објавата доаѓа кратко по официјалното појавување на кралското семејство на церемонијата Trooping the Color, каде што принцот Вилијам, Кејт и нивните три деца заедно учествувале во обележувањето на официјалниот роденден на кралот Чарлс. Принцот Вилијам тогаш учествувал во поворката на коњ, додека Кејт, Џорџ, Шарлот и Луис поминале низ Лондон во кочија, пред сите заедно да се појават на балконот на Бакингемската палата.

ФОТО | Принцезата Шарлот денеска го слави својот 10. роденден: На нова фотографија, таа сè повеќе личи на принцот Вилијам

„Ѝ донесе среќа на репрезентацијата“: Принцот Џорџ во костум ја пееше химната на натпреварот Англија-Германија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот