„Ѝ донесе среќа на репрезентацијата“: Принцот Џорџ во костум ја пееше химната на натпреварот Англија-Германија

принц џорџ британско кралско семејство
фото: епа

Многу луѓе низ Европа доживуваат огромна возбуда навивајќи за репрезентацијата на својата земја на Европското првенство во фудбал. Меѓу нив е и малиот принц Џорџ (7), кого родителите го одвеле на фудбалскиот натпревар за да навива за репрезентацијата на Англија.

кралско семејство кејт мидлтон принц вилијам принц џорџ
Фото: EPA-EFE/John Sibley

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам заедно со својот најстар син го гледале возбудливиот натпревар помеѓу Англија и Германија што се одржа вчера на стадионот „Вембли“.

принц вилијам европско
Фото: EPA-EFE/Frank Augstein

Возбудата била уште поголема бидејќи Англија победи со 2-0 и со тоа се пласираше во четвртфиналето. Исклучително возбудлива вечер за малиот ученик.

принц вилијам европско првенство
Фото: EPA-EFE/Justin Tallis

Симпатичниот Џорџ облечен во костум со вратоврска, во целосен склад со неговиот татко, во текот на натпреварот не можел да ја скрие возбудата, а воочи натпреварот ја пеел и националната химна.

Принцот Вилијам и Кејт на својот официјален „Твитер“ објавија заедничка фотографија на која сите тројца се смеат и ракоплескаат. „Неверојатна изведба Англија“, пишува во објавата.

дејвид бекам ед ширан европско првенство
Фото: EPA-EFE/Justin Tallis /

Во ВИП ложата, неколку реда зад кралското семејство, биле и фудбалерот Дејвид Бекам со својот син Ромео и пејачот Ед Ширан во друштво на сопругата Черил Сиборн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот