Џанкарло Еспозито - Фото: EPA/JILL CONNELLY

ВИДЕО | Голема животна промена — Славниот Гас Фринг од „Брејкинг бед“ ја прими исламската вера

Американскиот актер Џанкарло Еспозито, најпознат по култната улога на Гас Фринг во хит-серијата „Брејкинг бед“, премина во ислам за време на својот престој во Саудиска Арабија. Како што пренесува весникот „Saudi Gazette“, претседателот на Секторот за забава во Саудиска Арабија, Турки Ал Шеик, објави дека Еспозито го изговорил шехадетот (исламската исповед на верата) и се молел заедно со своите колеги продуценти.

Видеото од овој свечен момент веќе масовно се споделува на социјалните мрежи.

Според Ал Шеик, актерот се одлучил за овој чекор по позитивните искуства за време на престојот во земјата и срдечните средби со локалните муслимани. Тој исто така нагласи дека Еспозито изразил огромна благодарност до заедницата за неверојатното гостопримство што му било укажано.

Џанкарло Еспозито зад себе има повеќедецениска успешна кариера во филмската индустрија. Освен по улогата во „Брејкинг бед“, јавноста го препознава и по извонредните улоги во сериите „Подобро јавете се на Саул“, „Мандалоријанецот“, како и во бројни други големи проекти. Светската слава ја стекна токму како Гас Фринг, улога која му донесе многубројни награди и признанија од критиката.

Тој во моментов во Саудиска Арабија го снима филмот „Седум кучиња“. Ова е една од големите филмски продукции кои се развиваат во рамките на напорите на Саудиска Арабија да го прошири својот сектор за забава и кинематографија и да привлече звучни имиња од светската филмска индустрија.

Сте ја гледале? Ова е најлошото финале на серија во историјата, според гледачите

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот