Лана Дел Реј - Фото: grab / Ferrari / Profimedia

Од алкохолизам до кралица на меланхолијата — Лана Дел Реј полни 41 година, а мирот го најде покрај туристички водич од Лузијана

Светски познатата музичка ѕвезда Лана Дел Реј денеска го слави својот 41. роденден. Иако важи за една од највлијателните фигури во поп-културата на денешницата, нејзиниот пат до светските топ листи претрпел низа сериозни животни падови, тешка борба со зависностите и целосно „бришење“ на сопствениот идентитет.

Родена во Њујорк како Елизабет Вулриџ Грант, таа уште во раните тинејџерски почнала прекумерно да пие алкохол. Наместо вообичаена поддршка од семејството, родителите одлучиле да „кренат раце“ и  ја испратиле во  интернат далеку од домот на присилно лекување.

Откако матурирала и успешно ги оставила пороците зад себе, заминала кај  роднините на Лонг Ајленд. Таму, вујко ѝ ја научил да ги свири првите акорди на гитара, по што почнала нејзината „опсесија“ со музиката.

Лана Дел Реј – Фото: PLANET PHOTOS / Planet / Profimedia

Пропаднатиот деби-албум и раѓањето на „Гангстерската Ненси Синатра“

Пред светот да чуе за Лана Дел Реј, таа со години настапувала под своето вистинско име, Лизи Грант. Свирела нежни фолк балади во њујоршките барови, а во јануари 2010 година,  го објавува својот прв деби-албум „Lana Del Ray A.K.A. Lizzy Grant“ преку независна продуцентска куќа. За жал, проектот доживеа целосно фијаско и помина незабележано. Сфаќајќи дека Лизи Грант едноставно „не се продава“, пејачката и нејзиниот менаџмент по само два месеци се одлучија за радикална промена, комплетно да го повлечат  албумот од дигиталните платформи, а подоцна и да го избришат.

За да успее во суровата индустрија, таа мораше да го измисли своето ново алтер-его. Ја создаде Лана Дел Реј, со која изгради имиџ на мистериозна, депресивна и сексуализирана девојка, која самата ја нарекуваше „Гангстерска Ненси Синатра“.

Кога во 2011 година нејзиното домашно видео за песната „Video Games“ стана вирално на Јутјуб, Холивуд буквално полуде по неа.

Но, со славата дојдоа и сериозни напади од медиумите. Ја обвинуваа дека е „вештачки производ“, нејзиниот татко е милионер и ѝ ја купил кариерата, како и дека низ текстовите отворено глорифицира токсични мажи и семејно насилство.

„Доста ми е од тоа да ме обвинуваат дека романтизирам злоставување. Јас само пеам за емоционално насилните врски кои милиони жени ширум светот секојдневно ги преживуваат“, бурно реагираше Лана на критиките.

Лана Дел Реј – Фото: JUSTIN CAMPBELL / INSTAR Images / Profimedia

По култната песна , веднаш по неа следуваше мегапопуларната „Summertime Sadness“, чиј ремикс ја освои публиката ширум  светот и го достигна врвот на Билборд листата.

Меѓу нејзините големи музички достигнувања  се вбројува и култната тема „Young and Beautiful“, напишана специјално за филмскиот хит „Великиот Гетсби“, која и донесе номинација за Греми и остана безвременски хит.

Дури по десет години на сцена и неколку сериозни албуми меѓу кои и „Norman Fucking Rockwell“, пејачката одлучи повторно да биде своја, да престане да им се докажува на критичарите и конечно да и дозволи на автентичната Лизи Грант да излезе на површина.

Од богати холивудски фаци до шатор во Луизијана

Љубовниот живот на Лана со години беше главна храна за жолтиот печат и често ги полнеше страниците. Мина низ бурни врски со шкотскиот музичар Бери-Џејмс О’Нил, италијанскиот режисер Франческо Кароцини, раперот Џи-Изи, кој брзо ја остави за Халси,, па сè до полицаецот Шон Ларкин и менаџерот Еван Винкер.

Но, по сите песни напишани за милионерите, скапите куќи во Хамптонс и „лоши момци“, Лана во 2024 година ја шокираше јавноста. Таа направи скромна, интимна венчавка под шатор во мочуриштата на Луизијана, мажејќи се за Џереми Дифрен – локален туристички водич и специјалист за тури со крокодили.

Инсајдерите од естрадата коментираа дека токму покрај овој едноставен човек кој зад себе има еден пропаднат брак и три деца, кралицата на меланхолијата конечно го нашла својот долгоочекуван мир, иако имаше и од оние „обожаватели“ кои не дозволуваа да ужива во него.

.Нивната врска првпат беше разоткриена на музички фестивал во Велика Британија, каде пејачката беше снимена како се држи за рака со тогаш мистериозен маж. На Инстаграм веднаш покрена „истрага“ која брзо откри дека станува збор за Џереми Дифрен од Луизијана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LANA DEL REY (@honeymoon)

Интересно е што нивната средба не е случајна, првпат се запознале во 2019 година. За време на едно нејзино патувањево Луизијана, кога Лана решила да отиде на популарна туристичка тура за набљудување алигатори, каде водич бил токму Џереми. Таа уште тогаш објави фотографии со него на својот Фејсбук профил, без да претпостави дека пет години подоцна тој ќе и стане сопруг.

Првото официјално појавување како двојка им беше на гламурозната свадба на манекенката Карен Елсон во Њујорк, каде пред очите на Тејлор Свифт и останатите холивудски ѕвезди, Лана гордо го шеташе својот нов партнер, за само еден месец подоцна и самата да облече венчаница во неговото родно мочуриште.

Се омажи покрај мочуриште: Лана Дел Реј му кажа „да“ на партнерот, кој е ловец на алигатори

ФОТО | Лана Дел Реј денес е непрепознатлива: Ја сменија килограмите и лошите естетски корекции

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот