ФОТО | Лана Дел Реј денес е непрепознатлива: Ја сменија килограмите и лошите естетски корекции

Фото: EPA/FELIPE TRUEBA / Profimedia/Dilson Silva/BACKGRID

Лана Дел Реј (37) е „фатена“ во едно од нејзините ретки излегувања на плажа во Рио де Жанеиро по настапот на фестивал.

Пејачката поминала сончев ден во друштво на пријатели и колеги, а била толку расположена што не ѝ пречеле блицовите на фотоапаратите.

Лана уште еднаш изненади со својот изглед, бидејќи промената од почетокот на нејзината кариера е многу очигледна. Публиката ја памети како девојка со софистициран и природен изглед, но со текот на времето таа се промени. Денес луѓето тешко ја препознаваат, но изгледа дека тоа неа воопшто не ѝ пречи, таа само максимално ужива во животот.

Фото: Dilson Silva / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Пејачката подлегна и на естетската хирургија, а многумина се убедени дека физичката промена настанала како последица на лошо извршените корекции.

Фото: Dilson Silva / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Лана извесно време не се појавуваше во јавноста, а потоа во 2021 година изненади милиони фанови со дури два албума „Chemtrails over the Country Club“ и „Blue Banisters“, а сними и џез албум со преработки на песни од музичарот Фадер Џон Мисти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот