Фото: facebook/Dejan Georgievski

Бронза за теквондистот Дејан Георгиевски на Европското клупско првенство во Сараево

Нов медал за македонскиот теквондист на меѓународната сцена, Дејан Георгиевски, сега на Европското клупско првенство во Сараево, Босна и Херцеговина. каде се закити со бронзениот медал.

Во категоријата +87 кг., нашиот натпреварувач беше слободен во првото коло, а во четвртфиналето за противник го доби Иса Саиди од Австрија кој на стартот со 2:1 го совлада Босанецот Хамза Абазовиќ.

Георгиевски триумфираше со 2:0 против Саиди, а со истиот резултат во полуфиналето загуби од Сеиф Еиса од Египет.

Подоцна, Еиса дојде до златниот медал во категоријата, со сребро се закити Пашко Божиќ од Хрватска, а бронза имаат Георгиевски и Јоикел Даниел Гоикочеа Хенри од Куба.

Последниот ден од Европското клупско првенство 2026, кој беше резервиран за настапи на сениорите, успешно заврши во саботата (21 јуни) во салата „Горан Ченгиќ“. По три дена врвна борба, Сараево повторно го потврди својот статус како еден од најважните центри на меѓународното теквондо, кој беше домаќин на 2.257 учесници и 1.737 натпреварувачи од 58 земји од целиот свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот