фото: facebook.com/FKVardarSkopje

Горан Закариќ: Подготовките се најтешкиот дел во фудбалот, но ние сме навикнати на топло време

Еден од најискусните во редовите на Вардар, Горан Закариќ зборуваше од подготовките во Норчија каде што тимот се подготвува за квалификаците во Лигата на шампионите и новата сезона во која вардарци ќе ја бранат титулата во првенството.

„Сите знаеме дека овој дел на подготовките е оној најтешкиот што постои во фудбалот, но ние сме професионалци, навикнати сме и на топло време и на тешки тренинзи, затоа што ни следат натпревари. Во Италија работиме по план и програма, играме и пријателски мечеви и се надевам дека се што ни следи ќе го искористиме во што е можно подобра атмосфера за она што ни следи, тоа е Лигата на шампионите и првиот меч со Купс.

Костурот на екипата која ја освои титулата остана скоро ист, тоа е добро за нас. Еден до двајца играчи не напуштија од тој ростер, дојдоа двајца нови и се вклопија добро. Се надевам дека ќе го дадат својот максимум и дека ќе си помогнеме едни на други, за заедно да направиме некои добри работи прво во европските натпревари, потоа и дома.

Првиот противник за избраниците на Фабијани летово ќе биде финскиот Купс во квалификациите.

„Купс е сериозна екипа која играше во Конференциска лига лани, имаа добри резултати. Имаат свои предности, но и свои маани, како и секоја екипа. Ние ќе работиме на тоа да ги изанализираме што е можно повеќе работи во полза на нас и секој поединец да го даде најдоброто од себе, со цел добри резултати на Вардар, посебно на првиот меч во Скопје. Со помош на публиката и нашите навивачи, може да дојдеме до задоволувачки резултат за реваншот во Финска. Се работи за незгоден тим, ни следи реванш на вештачка трева, па мора да сме максимално спремни и фокусирани. Сакаме да ги завршиме подготовките сите здрави, па по враќањето во Скопје, да се насочиме во целост на првиот домашен дуел“, изјави Закариќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот