Роналдињо на 46 години се враќа на терените, потпиша за клуб од Италија
Легендарниот Роналдињо повторно ќе ги облече копачките и ќе се врати на терените, овојпат како дел од амбициозниот проект на италијанскиот третолигаш Равена.
Препорачано
Бразилецот, кој има 46 години, наскоро ќе стави потпис на договор со клубот, а неговата официјална промоција пред навивачите е закажана за понеделник.
Иако не се очекува Роналдињо да има значајна улога на теренот и најверојатно ќе настапува во ограничена минутажа, неговото ангажирање претставува голем маркетиншки потег и дополнителен импулс за развојот на клубот.
Покрај тоа што ќе биде дел од тимот, поранешниот освојувач на „Златната топка“ ќе учествува и во инвестициските планови на Равена. Во негова чест, клубот подготви и посебен дизајнерски елемент на новиот дрес, во кој буквата „Р“ од името на клубот ќе биде комбинирана со препознатливото „Р10“, симболот на бразилскиот мајстор.
„Нови бои, иста насмевка. Едвај чекам повторно да танцувам со топката и да испишеме нова, прекрасна приказна со Игнацио Чипријани и неговото семејство. Фудбалот отсекогаш бил среќа за мене и среќен сум што ќе го донесам тој дух во Равена. Нека почне магијата“, порача Роналдињо.
ВИДЕО | Репрезентативец на Парагвај заработи црвен картон поради новото правило на ФИФА


