Фото: Screenshot

ВИДЕО | Поранешен фудбалер на Реал Мадрид доживеал срцев удар, му се слошило по натпревар

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и актуелен тренер на чилеанскиот Универсидад де Чиле, Фернандо Гаго, доживеал срцев удар по натпреварот на неговиот тим.

Четириесетгодишниот Аргентинец почувствувал проблеми откако неговата екипа славеше со 2-0 против О’Хигинс.

Гаго присуствувал на редовната прес-конференција по натпреварот, но на самиот крај покажал знаци на силна болка и со видлива гримаса го напуштил просторот. Набрзо потоа доживеал срцев удар, по што итно бил пренесен во болница во Сантијаго, каде веднаш му била извршена хируршка интервенција.

Од клубот соопштија дека тренерот е во стабилна состојба и се наоѓа под постојан надзор на медицинскиот тим.

ВИДЕО | Репрезентативец на Парагвај заработи црвен картон поради новото правило на ФИФА

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот