Фото: ФК Вардар

ФОТО | Вардар во Норчија ги продолжува подготовките за европската битка со Купс

Фудбалерите на Вардар продолжуваат со подготовките во Норчија пред првиот европски предизвик ова лето, двомечот против Купс во квалификациите за Лигата на шампионите.

По одигрувањето на двата контролни натпревари против локални состави, во кои „црвено-црните“ остварија позитивни резултати, избраниците на тренерот Фабијани денеска одработија нов тренинг во базата каде што престојуваат за време на подготовките.

Според планираната програма, Вардар во Норчија ќе остане до 2 јули, по што експедицијата се враќа во Скопје за завршниот дел од подготовките пред европскиот старт.

Првиот меч против Купс е закажан за 7 јули на домашен терен, додека реваншот ќе се игра седум дена подоцна во Хелсинки.

Фото: ФК Вардар
Фото: ФК Вардар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот