Фото: ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци

Официјално: 11 фудбалери го напуштија ГФК Тиквеш Кавадарци

Прволигашот Тиквеш 1930 објави дека е завршена соработката со 11 фудбалери кои го носеа досега дресот на кавадаречкиот клуб.

Клубот го напуштија Даниел Мојсов, Стефан Тасев, Вања Терзиќ, Мартин Тодоров, Милован Петровиќ, Данаил Тасев, Никола Најдовски, Кристијан Ѓорѓиевски, Кристијан Стојкоски, Мартин Стојанов и Берат Садик.

– Иако разделбите се дел од суштината на фудбалот, пријателствата што се создадоа и споделените спомени се трајни. Нашите врати секогаш ќе останат отворени за секој играч кој додаде вредност на нашиот клуб. Ви благодариме за вашата напорна работа и ви посакуваме успех на вашето ново патување – стои во дел од објавата на ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци.

Потсетување, дека во изминатиот период Оливер Богатинов беше промовиран како нов тренер на екипата.

Новата прволигашка сезона за фудбалерите на Тиквеш ќе почне на 25/26 јули на домашен терен против ФК Арсими.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот