Футсалците против Шпанија и Финска во главната рунда од квалификациите за СП 2028
Ждрепката во Нион, Швајцарија, одлучи футсал репрезентацијата на Македонија ќе игра против Шпанија и Финска во главната рунда од квалификациите за пласман на Светското првенство што ќе се одржи од 7 до 29 октомври 2028 година на кое ќе учествуваат 24 репрезентации.
Препорачано
Првите натпревари од главната рунда квалификации ќе почнат во периодот од 12 до 21 октомври 2026 година.
Во европската зона, нашата селекција е во четвртата група, пласман во елитната рунда квалификации ќе обезбедат првопласираните од сите 12 групи и четири најдобро второпласирани, а преостанатите осум второпласирани ќе играат во плејоф.
Потсетување, во прелиминарната рунда квалификации, во групата Ц, на турнирот што се одржа во Литванија, македонската репрезентација забележа три максимални победи и прво место. Успеавме да ги совладаме Бугарија (4:1), Турција (6:3) и Литванија (1:0).
Главна рунда квалификации за СП 2028
Група 1: Ерменија, Унгарија, Шведска
Група 2: Франција, Молдавија, Црна Гора
Група 3: Хрватска, Германија, Литванија
Група 4: Шпанија, Финска, Македонија
Група 5: Полска, Босна и Херцеговина, Северна Ирска
Група 6: Казахстан, Белорусија, Албанија
Група 7: Португалија, Романија, Данска
Група 8: Холандија, Србија, Андора
Група 9: Украина, Словачка, Естонија
Група 10: Италија, Грузија, Косово
Група 11: Словенија, Белгија, Норвешка
Група 12: Чешка, Азербејџан, Летонија


