Пауза за вода Фото: EPA/GREG M. COOPER

Прекини што вредат милиони: Колку ФИФА профитира од паузите за вода?

Светската фудбалска федерација (ФИФА) пронајде нов и исклучително профитабилен извор на приходи на тековното Светско првенство. Според информациите на аргентинскиот специјализиран портал „Маркетинг Регистрадо“, воведувањето на задолжителните паузи за хидратација би можело да донесе дури 500 милиони долари приходи, исклучиво од маркетиншките права поврзани со овие прекини на натпреварите.

Мерката, која официјално беше претставена како начин за заштита на здравјето на фудбалерите поради високите температури во некои градови домаќини, предизвика бројни реакции во спортската јавност. За првпат во историјата на светските првенства, натпреварите се прекинуваат околу 22-та минута од секое полувреме за кратка пауза за освежување на играчите.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Канада скапо ја плати победата над Катар, БиХ и Швајцарија се запишаа во историјата

Од седиштето на ФИФА во Цирих нагласуваат дека главната цел е благосостојбата на фудбалерите и намалување на ризиците поврзани со играњето во екстремни временски услови. Сепак, критичарите сметаат дека зад одлуката стојат пред сè комерцијални интереси.

Паузите за хидратација отворија дополнителен простор за рекламирање и спонзорски активности, што според проценките може да резултира со рекордни приходи за светската куќа на фудбалот. Воедно, многу навивачи изразија незадоволство, оценувајќи дека честите прекини го нарушуваат ритамот на играта и ја намалуваат динамиката на натпреварите.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Страшната повреда на Коне го засени триумфот на Канада

Незадоволството не доаѓа само од трибините. Неколку истакнати имиња од фудбалскиот свет јавно ја критикуваа одлуката, тврдејќи дека ваквите прекини негативно влијаат врз текот на натпреварите и го менуваат традиционалниот карактер на играта.

Додека ФИФА инсистира дека здравјето на играчите останува приоритет, дебатата околу вистинските мотиви за воведувањето на паузите за хидратација продолжува, особено поради огромните финансиски придобивки што ги носи оваа новина.

Агире: Ако продолжиме да се подобруваме, којзнае колку далеку можеме да стигнеме на Мундијалот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот