Саха и Роналдо од времето кога беа соиграчи во Манчестер јунајтед. EPA/PAUL KINGSTON

Саха го „испердаши“ Роналдо: Тој сака да игра секоја минута и да соборува рекорди, но на Португалија и треба високо темпо

Некогашниот соиграч на Португалецот од Манчестер јунајтед смета дека Критијано треба повеќе да седи на клупата за време на Мундијалот

Поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед, Луис Саха (47), смета дека Кристијано Роналдо мора да прифати оти понекогаш треба да седи на клупата за да ѝ даде на Португалија поголеми шанси за победа.

Роналдо(41) беше сенка од своето поранешно јас во првиот меч на Португалија на Светското првенство 2026, против ДР Конго, кој заврши нерешено 1-1.

– Тој сака да игра секоја минута за да собори рекорди, тоа е неговиот менталитет и ние го разбираме тоа. Но, на Португалија и е потребно високо темпо. Португалците треба да притискаат и да имаат врвно ниво на енергија, што ќе вклучува правење промени – изјави Саха.

Французот се приклучи кон многуте критичари на Роналдо по првиот меч на СП 2026.

– Првото полувреме му беше навистина лошо, тој не беше физички добар. Правеше грешки, но во второто полувреме талентот се покажа – вели Саха.

Саха и Роналдо беа соиграчи четири години на Олд Трафорд пред Французинот да замине во 2008 година за да се приклучи на Евертон. Подоцна играше за Тотенхем, Сандерленд и Лацио пред да ја заврши кариерата во 2013 година.

Селекторот на Португалија се сели во Саудиска Арабија по Мундијалот?

Мартинез за Роналдо: Нема смисла да го менуваме најдобриот стрелец во историјата кога ни e потребен гол

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот