Фото: EPA-EFE/ANTONIO PEDRO SANTOS

Селекторот на Португалија се сели во Саудиска Арабија по Мундијалот?

Селекторот на португалската репрезентација Роберто Мартинез би можел по завршувањето на Светското првенство да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. Според француските медиуми, шпанскиот стратег е во напредни преговори со Ал Наср и е еден од главните кандидати за наследник на Жорге Жесус на клупата на саудискиот шампион.

Договорот на Мартинез со Португалија истекува по Мундијалот, а самиот тој веќе потврди дека по турнирот ќе ја напушти репрезентацијата. Доколку трансферот се реализира, 52-годишниот тренер повторно ќе соработува со Кристијано Роналдо, со кого има одличен однос уште од преземањето на португалскиот национален тим во 2023 година.

За кого навиваат нашите политичари на Светско? Тошковски за Португалија, Пендаровски и Апасиев за Бразил, Бендевска за Босна…

Веста доаѓа во незгоден момент за Португалија, која неочекувано го отвори Светското првенство со реми 1:1 против Демократска Република Конго. Настапот на Португалците предизвика бројни критики, а дел од нив беа насочени кон одлуката на Мартинез да го остави Роналдо на теренот до самиот крај на натпреварот.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Невидливиот Роналдо ја угуши Португалија, Англија ја наполни мрежата на Хрватска

Шпанскиот стратег застана во одбрана на својот капитен, истакнувајќи дека неговото присуство на теренот носи искуство, создава простор за соиграчите и претставува важен фактор во офанзивната игра на тимот.

Доколку се постигне договор со Ал Наср, Мартинез ќе се врати во клупскиот фудбал по речиси една деценија, откако последен пат работеше како тренер на Евертон во 2016 година.

ВИДЕО | Необична сцена на Мундијалот — фудбалер на Узбекистан повреди камерман

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Единствените македонски известувачи од Мундијалот: Мијалче и Наташа Дургутови

За кого навиваат нашите политичари на Светско? Тошковски за Португалија, Пендаровски и Апасиев за Бразил, Бендевска за Босна…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот