Реал Мадрид/Real Madrid.CF

Реал Мадрид не запира, потврди уште едно засилување

Реал Мадрид официјално го потврди ангажманот на францускиот дефанзивец Ибрахим Конате, кој потпиша договор со шпанскиот гигант до 30 јуни 2030 година. Конате на „Сантијаго Бернабеу“ пристигнува како слободен фудбалер по истекот на договорот со Ливерпул, и се очекува да претставува големо засилување за одбранбената линија на мадридскиот клуб.

Францускиот репрезентативец изминатите сезони беше еден од клучните играчи во одбраната на Ливерпул, но одлучи да не ја продолжи соработката со англискиот клуб.

Пред да се пресели во Премиер лигата, Конате настапуваше за Сошо и РБ Лајпциг, а во Ливерпул пристигна во 2021 година. За англискиот гигант одигра повеќе од 130 натпревари во сите натпреварувања. Со неговото доаѓање, Реал Мадрид продолжува со реконструкцијата на одбраната, која е еден од приоритетите на клубот во летниот преоден рок.

Во меѓувреме, клубот веќе претходно го обезбеди потписот на Марк Кукуреља, а наскоро се очекува и официјализација на трансферот на Дензел Дамфрис.

Исто така беше потврден и Португалецот, Бернардо Силва, а мадридскиот клуб, според најавите, не планира да застане тука и се очекуваат уште нови засилувања во наредниот период.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот