Фото: FC Bayern Basketball

Димитријевиќ прв стрелец во новиот триумф во финалето против Алба Берлин

Кошаркарите на Баерн Минхен денеска славеа во Берлин, каде што единствениот претставник на Германија во Евролигата ја победи Алба. Конечниот резултат од третиот натпревар од финалната серија во германскиот шампионат одигран во главниот град беше 83:91 (24:25, 16:18, 20:18, 23:30).

Серијата останува во Берлин, па затоа има големи шанси Светислав Пешиќ да не се збогува со кошарката пред својата домашна публика, бидејќи натпреварот во Минхен би се играл само доколку биде 2:2 и се дојде до мајсторка.

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ беше најзаслужен за победата на тимот на Пешиќ со 19 поени (7/11 за два, 1/2 за три и 2/2 од поле) и седум асистенции.

Кај поразените, најефикасен беше Џек Кајл со 17 поени (3/6 за два, 2/8 за три и 5/6 од поле), додека Џастин Бин постигна 11 поени (1/3 за два, 2/4 за три и 3/4 од поле) со по три скока и асистенции.

Следниот четврти натпревар Алба – Баерн е закажан за в петок од 20.30 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот