фото/EPA/SAM WASSON

Поглед кон небото и кон трибините: португалските репрезентативци му оддадоа почит на својот 27. играч

Со силен удар со глава, Жоао Невеш донесе рано водство за Португалија против ДР Конго, а потоа емотивно му оддаде почит на прерано починатиот Жота.
Португалците на Светското првенство носат посебна симболика, на некој начин со нив е и нивниот 12-ти играч.
Додека сите репрезентации за настапот на Светското првенство во САД, Мексико и Канада објавија списоци со по 26 фудбалери, кај Португалија тоа беше малку поинаку. Нивниот список имаше едно замаглено, 27-мо име. Тоа 27-мо име претставува посебна симболика на ова Светско првенство – Диого Жота, кој трагично го загуби животот пред околу една година.

Сите настапи и голови ќе му бидат посветени нему

Португалскиот напаѓач сигурно ќе беше дел од овој Мундијал, но судбината одлучи поинаку. Сепак, неговите соиграчи не го заборавија и постојано го споменуваат, а со различни симболични гестови играат во негова чест. Особено емотивно беше за време на интонирањето на португалската химна пред натпреварот против ДР Конго.
На големиот екран, по завршувањето на химната, се појави фотографија од Жота, а сите негови поранешни соиграчи погледнаа во тој правец. Некои од нив погледнаа и кон трибините каде што беа неговите родители. Сцената беше исклучително емотивна.
Жота несомнено е во мислите на португалските репрезентативци и секој позитивен резултат ќе му биде посветен нему.

Португалија е подготвена за многу повеќе од само добри резултати, оваа генерација има квалитет да стигне до самиот крај и да ја освои светската титула.

ВИДЕО | Португалија со лош старт на Мундијалот, историски резултат за ДР Конго

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот