Фото: pexels-alexej

ВИДЕО | Скандал на Корчула — цистерна испушти фекалии во морето, капачите се згрозија

Жителите на местото Лумбарда, на островот Корчула во Хрватска, биле непријатно изненадени од глетката кога содржината од цистерна била испуштена во морето, веднаш до една од популарните локални плажи.

Инцидентот се случил во понеделникот, 15 јуни, во заливот Татиња, а сè било снимено на видео што се проширило меѓу мештаните, пренесува „Морски.хр“.

На снимката се гледа како од цевката на цистерната во морето истекува течност со кафена боја, на само неколку метри од капачите кои во тој момент биле на плажата.

Собраните мештани тврдат дека станува збор за фекалии и дека сето тоа се случило среде туристичка сезона.

ВИДЕО | Пронајден пат стар 7.000 години под морето кај Корчула

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот