ВИДЕО | Пронајден пат стар 7.000 години под морето кај Корчула

Фото: Facebook/ Sveučilišta u Zadru

Во подводните археолошки истражувања на потопениот неолитски локалитет Солине на островот Корчула, археолозите пронајдоа остатоци кои дури и нив ги изненадија. Имено, под наносите на морската кал бил откриен пат кој ја поврзувал потонатата праисториска населба на културата во Хвар со брегот на островот Корчула., пренесува „Морски“.

Станува збор за внимателно наредени камени плочи во ширина од четири метри. Со радиокарбонската анализа на зачуваното дрво пронајдено во последните истражувања, целата населба е датирана околу 4 900 години п.н.е. Се претпоставува дека овој пат се користел пред речиси 7 000 години.

Фото: Facebook/ Sveučilišta u Zadru

Истражувањето чиј раководител е Матe Парица од Универзитетот во Задар е резултат на соработка на повеќе институции и компании. Археолошкиот тим кој нуркаше на локалитетот Солине изврши увид и во централниот дел на заливот Градина. На задоволство на сите, на длабочина од 4 до 5 метри е утврдено постоење на населба речиси идентична со онаа во Солине. На локалитетот се пронајдени неолитски артефакти како што се сечила од кремен, камени секири и фрагменти од воденички камења.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот