Штип УГД се засили со еден од најдобрите македонски одбојкари
Македонскиот одбојкарски репрезентативец Александар Љафтов е нов член на Штип УГД, соопшти клубот пред почетокот на новата сезона.
Препорачано
Александар Љафтов важи за еден од најдобрите македонски одбојкари и повеќе од 15 години е стандарден член на македонската репрезентација.
Во својата богата интернационална кариера Љафтов настапуваше за бројни клубови, меѓу кои се Работнички Фершпед, Галатасарај, Рибница Ваљево, Анагениси Деринејас, Саут Гас Спортинг, ПТТ Спор, Младост Рибола Каштела, Хебар Пазарџик, Консар РЦМ Равена, Ал Ибтисам, Ал-Васл, Струмица, ПАОК, МАВ Елоре Фокскон и Бурган Спорт Клуб.
Со македонската репрезентација Љафтов настапи на Европските првенства во 2019, 2021 и 2023 година, а зад своето име има и четири сребрени медали од Европската лига и Европската сребрена лига, освоени во 2015, 2016, 2017 и 2021 година.
Со ангажманот на еден од најискусните македонски одбојкари, Штип УГД добива големо засилување и значајно искуство во пресрет на новата натпреварувачка сезона.
Меѓународната одбојкарска федерација ја укина суспензијата на руските тимови
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
32мин
-
55мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


