Фото: Теквондо Клуб-Штип

ФОТО | Максим Арсовски освои сребро на Европското клупско првенство за деца во теквондо

Голем успех за теквондо клубот Штип на Европското клупско првенство за деца кое се одржа денеска, 17 јуни, во спортската сала „Горан Ченгиќ“ во Сараево, Босна и Херцеговина.

Во силна конкуренција македонскиот теквондист и натпреварувач на Теквондо Клуб-Штип, Максим Арсовски покажа одлична борбеност, дисциплина и спортски дух, заслужено освојувајќи го сребрениот медал.

– Овој резултат е доказ за неговата посветеност, напорната работа на тренинзите и континуираната поддршка од тренерскиот тим и семејството. Честитки до Максим за извонредниот успех и достојното претставување на клубот и градот Штип! Посакуваме уште многу медали и спортски достигнувања во иднина! – стои во објавата на Теквондо Клуб-Штип.

За ова Европско клупско првенство за деца во Сараево имаше 197 пријави и 144 натпреварувачи.

Настанот беше организиран од Теквондо федерацијата на Босна и Херцеговина во соработка со Европската теквондо унија (ETU).

Фото: Теквондо Клуб-Штип
Фото: Теквондо Клуб-Штип

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот