Струмица/ОФМ

Македонија ќе има четири претставници во европската одбојка наредната сезона

Поранешниот македонски првак Струмица 47&72 ќе биде меѓу претставниците на македонската клупска одбојка во новата сезона во ЦЕВ европските клупски купови. По шампионот Штип УГД, како и женските клубови, шампионот Работнички Скопје и Јанта Волеј Кисела Вода, струмичани го искористија последниот ден за доставување на апликација за настап во Европа во сезоната 2026/2027.

Струмица 47&72 пријави учество во ЦЕВ Челинџ купот и заедно со Штип УГД ќе бидат вториот машки претставник во европските клупски купови.

Како и останатите клубови така и струмичкиот состав противникот ќе го добие на ждрепката закажана за 15 јули во Луксембург.

По ланската рекордна сезона со дури пет претставници во Европа, оваа година сме со еден помалку.

Лина Ѓорческа забележа пад на ВТА листата

Далија Стојановска го освои среброто на Балканското ХСО првенство во велосипедизам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот