БиХ навивачи Фото: EPA/EDUARDO LIMA

Би-би-си е импресионирана од песната на „Дубиоза колектив“ — „Јас сум од Босна, одведи ме во Америка“ го освои светот

Босна и Херцеговина  освои бод против Канада (1:1) во првото коло од Светското првенство, но по натпреварот најголемо внимание не привлече резултатот, туку песната која стана вистински хит меѓу навивачите.

Станува збор за песната „Јас сум од Босна, одведи ме во Америка“ (анг. „I Am from Bosnia, Take Me to America) на „Дубиоза колектив“, која деновиве може да се слушне на улиците, на стадионите и на социјалните мрежи низ Северна Америка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Match of the Day (@bbcfootball)

Снимките од босанскохерцеговските навивачи кои во еден глас ги пеат стиховите од песната станаа вирални, а интересот за навивачката атмосфера отиде толку далеку што за неа почнаа да пишуваат и големите светски медиуми.

Британскиот Би-би-си објави прилог посветен токму на навивачката еуфорија што ја предизвика песната на „Дубиоза колектив“, која меѓу навивачите на БиХ веќе е прогласена за неофицијална химна на ова Светско првенство.

Интересно е што на социјалните мрежи многумина коментираат дека во последните денови повеќе се зборува за песната и за навивачката атмосфера отколку за самиот натпревар меѓу Босна и Херцеговина и Канада.

Како песна стара 15 години стана неофицијална химна на Босна и Херцеговина пред Светското првенство?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот