Марта Кос / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Марта Кос: Денеска е мега понеделник за проширување на Европската Унија

Денеска е мега понеделник за проширувањето на Европската Унија. Прво, Украина и Молдавија ќе го направат својот најголем чекор од одлуката за започнување преговори за пристапување во ЕУ во 2023 година. Исто така, ќе затвориме уште две поглавја со Црна Гора, со што ќе се приближиме до половина од сите поглавја затворени, изјави еврокомесарката Марта Кос пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.

„Ова е ден за славење. Ќе го искористам и денешниот ден да ги повикам кандидатите да продолжат со темпото на реформите“, порача еврокомесарката за проширување.

Таа нагласи дека ако двете земји ги исполнат своите обврски и ЕУ мора да ги исполни своите. Во оваа смисла, Кос рече дека очекува останатите пет кластери двете земји да ги отворат во јули годинава.

„Прво, Украина и Молдавија ќе го направат својот најголем чекор од одлуката за започнување на преговорите за пристапување во Европската Унија во 2023 година. Конечно ќе можеме да го отвориме првиот кластер за двете земји бидејќи тие испорачаа, а сега е време да испорачаме и ние“, изјави Кос.

Мицкоски: Посетата на еврокомесарката Кос е дел од редовна регионална обиколка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот