Фото: илустрација / Архива

Македонец е уапсен во Србија — лажел дека е лекар и земал огромни суми пари

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Врање, Р. Србија, во соработка со Регионалниот центар за гранична полиција кон Македонија, го уапсиле македонскиот државјанин С. К. (56), кој е обвинет дека лажно се претставувал како лекар и земал пари од граѓани наводно потребни за лекување членови на нивните семејства, јави Танјуг.

Осомничениот С.К (1970) се товари дека од 4 до 13 јуни годинава им се јавил на тројца граѓани од областа на Врање на нивните фиксни телефони, претставувајќи се како лекар од Македонија, и им кажал дека нивни блиски членови на семејството наводно се тешко повредени, со што ги довел во заблуда и подоцна отишол на нивни адреси и зел големи суми пари.

На осомничениот, кој бил уапсен по наредба на Основното јавно обвинителство во Врање, му бил одреден притвор од 48 часа поради сомнение за сторено продолжено кривично дело измама и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Сличен случај во Србија имаше и пред два месеци, кога 42-годишен македонски државјанин беше уапсен во Белград, исто така под сомнение дека мамел постари луѓе лажејќи ги дека е лекар.

Жена прегазена на улица во Карпош – возачот избегал, но полицијата го пронајде

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот