Христијан Мицкоски / СДСМ - Колаж: СП.

СДСМ: Споредбите на Мицкоски со Украина и Молдавија се евтин обид да го прикрие сопствениот неуспех и страв од ЕУ

Христијан Мицкоски денеска се обиде да се скрие зад Украина и Молдавија и да ја обвини македонската опозиција дека работи против сопствената држава. Тоа не е само безобразно, туку и крајно лицемерно, реагираат од СДСМ откако премиерот, коментирајќи ги најавите дека ЕУ ќе почне преговори за сите области од пристапниот процес со Украина и со Молдавија, искоментира дека кај нив опозицијата не работела против своите граѓани и против својата влада.

„Прво, Мицкоски не сака Македонија да влезе во Европската Унија. Тој свесно ја држи земјата во изолација затоа што знае дека вистинскиот европски пат значи крај за неговата криминална структура која ја презеде контролата врз државата. Додека Украина и Молдавија напредуваат кон Европа, тој Македонија ја држи назад за да се заштити себеси и своите луѓе. Второ, наместо да ги спроведе реформите што самиот ги вети и кои требаше да бидат завршени до 1 јуни, Мицкоски нема никакви резултати. Затоа сега ја напаѓа опозицијата – за да го прикрие сопствениот неуспех и отсуството на каков било план за европскиот пат. Трето, споредбата со Украина и Молдавија е срамна. Владите во тие земји не работат за Александар Вучиќ, не го блокираат сопствениот европски пат заради интересите на криминални структури и руски влијанија“, посочија од СДСМ.

Од СДСМ нагласија дека македонската опозиција не работи против државата.

„Опозицијата работи против политика која Македонија ја држи надвор од Европа, која ја штити корупцијата и која личните и партиските интереси ги става над националните. Мицкоски нема што да покаже од резултати на европскиот пат. Затоа користи секоја прилика да ја напаѓа проевропската опозиција и да го дели општеството. Тоа е неговиот стил – стил на човек кој наместо да гради, се обидува да уништи се што не може да го контролира. Неговите споредби со Украина и Молдавија се само евтин и неуспешен обид да го прикрие сопствениот страв од Европската Унија и сопствениот политички неуспех“, децидни се од СДСМ.

Промената на рејтинзите ги менува плановите за реконструкција — Мицкоски се радува дека Вреди е пред ДУИ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот