Кучиња скитници - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Кучиња скитници - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Општина Гостивар пак незаконски заловувала и дислоцирала улични кучиња, доби казна од 2.100 евра

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрече втора парична казна за Општина Гостивар, за која инспекторите утврдиле дека повторно незаконски заловувала и дислоцирала улични кучиња, и тоа повторно со исто возило, но сега со изменета регистрација.

„Поради неовластено заловување и дислокација на бездомни кучиња, без одобрување на Агенцијата и од страна на неквалификувани лица, АХВ согласно од редбите од Законот за заштита и благосостојба на животните, по спроведен вонреден инспекциски надзор, на Општина Гостивар и изрече парична казна од 2.100 евра во денарска противвредност (1.500 за Општинта и 600 евра за Градоначалникот). Донесено е и ново решение, по издаденото во ноември 2025 година, за забрана за спроведување на ваков тип неовластени активности, за кое во соработка со Министерството за внатрешни работи е утврдено дека возилото со кое се заловувале и дислоцирале бездомните кучиња, е истотото возило со кое и претходно се вршеле ваков тип недозволени активности, но, сега со променета регистарска табличка“, соопштија од АХВ.

Според Агенцијата, вонредната контрола е спроведена по дојава на граѓани и доставени фотографии и видео докази до АХВ.

„Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжи со спроведување на инспекциски надзори за почитување на одредбите од Законот за заштита и благосостојба, во врска со заловувањето и третаманот на бездомните животни“, велат од АХВ.

Кучиња скитници нападнале девојка во Гостивар, со тешки повреди завршила во болница

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот