Жан-Ноел Баро, француски министер за надворешни работи /Фото: EPA/SERGEY DOLZHENKO 91294

Војната во Иран не смее да ја засени катастрофата во Палестина, вели францускиот шеф на дипломатијата

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро денес предупреди дека конфликтот со Иран не смее да ја засени „катастрофата што се случува во Палестина“, јавува Анадолу.

„Оваа состојба не смее да нè натера да ја занемариме катастрофата што се случува во Палестина, како во Појасот Газа, така и на Западниот Брег“, рече тој.

Баро потсети дека Франција веќе воведе санкции за израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, како и координирани мерки со неколку држави за 26 лица и правни субјекти кои се товарат за забрзана изградба на доселенички (израелски) населби на Западниот Брег.

„Сакаме овие санкции да бидат усвоени на европско ниво за да се прати јасен сигнал: Европа не може да ги прифати ескалацијата на насилството и натамошното неконтролирано ширење на населбите на доселениците на Западниот Брег, бидејќи тоа ја загрозува секоја шанса за мир на Блискиот Исток“, истакна Баро.

Тој повторно нагласи дека Франција, заедно со неколку земји, официјално ќе упати барање до Европската комисија да го спречи увозот во ЕУ на производи што потекнуваат од населбите на Западниот Брег.

„Не може да прифатиме дека Европа, директно или индиректно, преку својата трговска размена ги поддржува овие нелегални активности што ја загрозуваат шансата за мир меѓу Израел и Палестина“, додаде Баро.

Според него, новопостигнатиот договор меѓу САД и Иран, по неколкумесечниот конфликт треба да донесе крај на непријателствата на сите фронтови, вклучително и во Либан.

„Тоа треба да овозможи повторно отворање на Ормускиот Теснец и започнување сеопфатни преговори насочени кон враќање на стабилноста и безбедноста во регионот“, изјави Баро.

Исто така, тој наведе дека меѓународната мисија насочена кон обновување на поморскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец „е веќе подготвена“.

Америка и Иран ќе го потпишат договорот за крај на војната на 19 јуни во Швајцарија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот