Фото: Слободен печат

Бензините поскапуваат од половина до два денари за литар

Горивата од полноќ поскапуваат од половина денар до два денари. Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи бензините да поскапат од 1,5 денари до 2 денари за литар, а дизелот за пола денар. Поевтинуваат Екстра лесното масло за домаќинство и мазутот.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/литар и тој од полноќ ќе се продава по цена од 87,50 ден/литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за два денари и новата цена ќе биде 90 ден/литар. Дизелот поскапува за половина денар и ќе се продава по цена од 87,50 ден/литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 2,50 ден/литар со што новата цена ќе биде 86,50 ден/лит. Се намалува и малопродажната цена на мазутот за 1,074 ден/кг кој сега ќе се продава по цена од 46,223 ден/кг.

Мицкоски најави поевтини горива од следната недела

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот