Лани се изградени 6.215 стана — каде никнале најмногу згради и куќи?
Просечна површина на становите е 75 квадратни метри, а на оние што си граделе куќа во сопствена режија просечната површина е 127,3 квадратни метри.
Минатата година се завршени 6.215 стана – 3.733 биле изградени од фирми и уште 2.113 во сопствена режија, најчесто во куќи.
Препорачано
Како што соопшти Државниот завод за статистика, становите се со вкупна површина од 280.644 квадратни метри, односно просечната површина на становите е 75 квадратни метри.
Најмногу станови – 1.489 се завршени во Скопскиот Регион.
Дополнително, лани во сопствена режија во куќи или во мали индивидуални згради се изградени 2.518 стана со просечна површина од 127,3 квадратни метри. Вкупната површина на становите е 320.404 квадратни метри, а 11.114 квадратни метри се однесуваат на 92 стана во викенд-куќи.
Најмногу куќи се граделе во Полошкиот Регион, таму биле завршени 946 стана, а потоа во Скопскиот Регион – 721 стан.
Покрај станови, фирмите имале и други градежни проекти во високоградба, нискоградба, а учествувале и во реновирања. Вкупната вредност на извршените градежни работи во 2025 година од страна на деловните субјекти била 44,5 милијарди денари, или околу 724 милиони евра.
И индивидуалните сопственици, покрај станови граделе гаражи, помошни простории и др. Вкупно извршените градежни работи биле во вредност од 16,2 милијарди денари, или околу 264.000 евра.


