Горива бензин дизел
Илустрација: Точење гориво на бензинска станица / Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Мицкоски најави поевтини горива од следната недела

Премиерот Христијан Мицкоски очекува значително намалување на цените на горивата од следната недела, откако беше постигнат договор меѓу САД и Иран, а цените на нафтата на светските берзи почнаа нагло да паѓаат.

Според него, актуелната одлука на Регулаторната комисија за енергетика се темели на движењата на цените од минатата недела, поради што во моментов не се очекуваат поголеми корекции. Дизелот би можел да остане на исто ниво или да поевтини за околу половина денар, додека бензините би можеле да поскапат за 1,5 до 2 денари.

-Од денеска цените на нафтата и нафтените деривати на светските берзи драматично паднаа и затоа следната недела очекувам поголемо и позначително намалување на цените на горивата“, изјави Мицкоски при посетата на фабриката „Бреинчајлд- во индустриската зона Жабени во Битола.

Тој посочи дека Македонија и понатаму има едни од најниските цени на горивата во регионот, што, како што рече, особено се чувствува во пограничните градови, каде значително е зголемен бројот на возачи од соседните земји кои точат гориво во земјава.

Мицкоски нагласи дека во изминатиот период биле обезбедени доволни количини горива и дека не биле воведени ограничувања ниту за домашниот пазар ниту за извозот.

Бензините поевтинуваат за 2,5, а дизелот поскапува за 1,5 денар

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот