Фото: Федерација на училишен спорт на Македонија

Македонија со успешен старт на Европското училишно првенство во баскет 3×3 во Белград

Македонија запиша две победи на стартот на Европското училишно првенство во Баскет 3х3 кое се одржува во Белград, Србија.

Нашите момци ги победија Молдавија со резултат 21:8 и Хрватска 2 со конечен резултат 21:15.

Македонија за првпат учествува на Европско првенство во баскет 3х3, а ја претставуваат: Дамјан Данев, Григориј Ѓорѓевиќ, Дамјан Стојановски и Филип Алексовски.

Нашите баскетџџии се во групата А заедно со Молдавија, Хрватска 2, Црна Гора, Хрватска 3 и Србија 1.

Белград овие денови е центар на младината, спортот, пријателството и фер-плејот, место каде што се стекнуваат нови познанства, се разменуваат искуства и се создаваат спомени за цел живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот