ВИДЕО | Арда Ѓулер стана мета на сеир поради пораката до соиграчите пред натпреварот со Австралија
Австралија приреди едно од најголемите изненадувања во првото коло од Светското првенство, совладувајќи ја Турција со 2-0 во натпреварот од групата Д. Покрај резултатот, по мечот во центарот на вниманието се најде и турската ѕвезда Арда Ѓулер.
Препорачано
Турската репрезентација имаше контрола врз играта во поголемиот дел од натпреварот и создаде повеќе можности за гол, но не успеа да ја материјализира иницијативата. Австралијците, пак, одиграа дисциплинирано и максимално ги искористија своите шанси преку брзи контранапади.
Во текот на средбата Турција ја погоди и стативата, но ниту тоа не беше доволно за да го избегне поразот на стартот од Мундијалот. По завршувањето на натпреварот на социјалните мрежи вирална стана реакцијата на фудбалерот на Реал Мадрид.
„Многу сме подобри. Да им го покажеме тоа уште од првата минута. Ајде!“, им порача Ѓулер на своите репрезентативни колеги.
Сепак, разврската на теренот беше сосема поинаква од неговите очекувања. Австралија стигна до победа, а тој стана предмет на сеир.
“¡NOSOTROS SOMOS MUCHO MEJORES! ¡Que lo sientan desde el primer minuto, vamos!”
Arda Güler, en el túnel previo al inicio de Turquía vs Australia. 😳🇹🇷 pic.twitter.com/CVqvR7d9hm https://t.co/TIsXzlJciR
— Ataque Futbolero (@AtaqueFutbolero) June 14, 2026
Анчелоти: Не сум задоволен, очекував подобро да го почнеме Мундијалот
Анчелоти: Не сум задоволен, очекував подобро да го почнеме Мундијалот
Анчелоти: Не сум задоволен, очекував подобро да го почнеме Мундијалот


