Марк Кукуреља/EPA-EFE/Mariscal

Мурињо добива засилување од Челси, Кукуреља е пред трансфер вреден 50 милиони евра

Марк Кукуреља е пред преселба во Реал Мадрид и многу брзо трансферот би можел да биде и официјално потврден.

Според информациите на познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, двата клуба постигнале договор за зделка вредна повеќе од 50 милиони евра, во која се вклучени и дополнителни бонуси. Романо, кој е препознатлив по својата фраза „Here We Go“ кога трансферот е практично завршен, тврди дека преселбата на шпанскиот репрезентативец на „Сантијаго Бернабеу“ е веќе договорена работа.

Наводно, Кукуреља ја прифатил понудата на Реал Мадрид и дал зелено светло за преселба во редовите на мадридскиот гигант, каде би требало да ја продолжи кариерата од следната сезона.

Ќе потсетиме, Кукуреља во овој момент е со Шпанија на Светското првенство.

Беше бегалец од војна, а сега испиша историја за Австралија на Мундијалот

Беше бегалец од војна, а сега испиша историја за Австралија на Мундијалот

Беше бегалец од војна, а сега испиша историја за Австралија на Мундијалот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот