Нестори Иракунда/ EPA/RICHARD WAINWRIGHT AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Беше бегалец од војна, а сега испиша историја за Австралија на Мундијалот

Фудбалерот Нестори Иранкунда кој има 20 години постигна гол во победата на Австралија над Турција (2-0) во првото коло од групата Д на Светското првенство и со тоа стана најмладиот стрелец во историјата на репрезентацијата. Зад овој голем успех се крие исклучително интересна, но и тешка животна приказна.

Иранкунда во листата на стрелци се запиша во 28. минута, додека конечните 2-0 ги постави Меткалф во второто полувреме.

По опасниот обид на Арда Ѓулер, следуваше брза контра на Австралијците. Иранкунда претрча по левата страна, лесно се ослободи од неколку противнички играчи и со прецизен удар ја затресе мрежата за голема радост на навивачите. Со овој гол, младиот напаѓач влезе во историјата на австралискиот фудбал, постигнувајќи погодок на 20 години и 125 дена, со што го надмина рекордот што цели 20 години го држеше Рори Мекдоналд. Поранешниот репрезентативец на Австралија стрелаше против Јапонија во 2006 година на возраст од 20 години и 311 дена.

Сепак, патот до успехот не бил ни малку лесен. Неговите родители потекнуваат од Бурунди, земја од која биле принудени да побегнат поради граѓанската војна. Нестори е роден на 9 февруари 2006 година во бегалски камп во танзанискиот град Кигома, каде неговото семејство живеело во исклучително тешки услови.

Кога имал само три месеци, семејството добило шанса за нов почеток во Австралија преку програмата за прифаќање бегалци. По краток престој во Перт, трајно се преселиле во Аделаид, каде младиот Иранкунда ги направил првите чекори во фудбалот.

Своите први фудбалски искуства ги стекнал играјќи со постарите браќа на улиците на Аделаид. Неговиот талент, брзина и физичка сила брзо биле забележани од локалните тренери. Кариерата ја започнал како централен дефанзивец во Кројдон кингс, но наскоро бил префрлен во нападот поради неговите офанзивни квалитети.

Неговиот потенцијал не останал незабележан ниту во Европа, каде Баерн Минхен уште кон крајот на 2023 година го обезбедил неговиот потпис. Во Германија се пресели веднаш по полнолетството, а по период на адаптација и настапи за резервниот тим, решил да побара клуб каде ќе има поголема минутажа. Така во летото 2025 година потпиша за англискиот Вотфорд.

Иако имаше можност да настапува за Бурунди или Танзанија, одлуката паднала на Австралија, земјата која на неговото семејство му овозможи нов живот, а тој сега ѝ возвраќа со голови на најголемата светска сцена.

Еден од хероите на Мароко против Бразил во март играше за друга репрезентација и беше капитен

Анчелоти: Не сум задоволен, очекував подобро да го почнеме Мундијалот

ВИДЕО | Австралија ја шокираше Турција, Шкотска минимално славеше против Хаити

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот