Фото: ФК Вардар

Вардар со победа ги почна подготовките во Италија

Македонскиот шампион Вардар го одигра првиот контролен натпревар во Норчија, Италија, каде што тимот се подготвува за новата сезона, совладувајќи ја екипата на Умбрија со 2-1.

Станува збор за италијански нисколигаш, составен претежно од аматерски фудбалери, додека Вардар настапи со комбиниран тим во кој доминираа млади играчи, засилени со неколку поискусни фудбалери.

Резултатот беше отворен уште во првото полувреме, кога младите надежи Огнен Јаков и Иво Марковски донесоа водство од 2-0 за „црвено-црните“. Во вториот дел домаќинот успеа да постигне погодок, со што го постави конечниот резултат 2-1 во корист на македонскиот тим.

За Вардар стартуваа: Диковски – Мишковски, Најдовски, Куестас – Јевтовски, Дурански, Д. Тодоровски, Ф. Цветковски – Иво Марковски, Огнен Јаков и Данев.

На клупата за резерви беа: Велковски, Мурџевски, Бајрами, М. Николов и Митановски.

Останатите фудбалери имаа слободен ден, додека на екипата во Норчија ѝ се приклучија и петте репрезентативци кои подоцна ги почнаа подготовките.

Анчелоти: Не сум задоволен, очекував подобро да го почнеме Мундијалот

ВИДЕО | Шок за Швајцарија во Санта Клара, Катар во самиот финиш до бод

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот