ФИФА го објасни контроверзниот момент пред голот на Швајцарија — кратко откажа модерната технологија
Натпреварот меѓу Катар и Швајцарија предизвика бројни реакции во јавноста поради необична ситуација поврзана со ВАР-технологијата и недостигот на вообичаената графичка анимација за офсајд при спорен момент што претходеше на пеналот за Швајцарците.
Препорачано
Од ФИФА објаснија дека станувало збор за краткотраен технички проблем, поради кој не била генерирана графиката од полуавтоматскиот офсајд-систем пред досудениот пенал во 14. минута од средбата.
„За време на натпреварот Катар – Швајцарија во Сан Франциско дојде до краток технички прекин кој го спречи прикажувањето на офсајд-анимацијата пред пеналот досуден за Швајцарија во 14. минута. Проблемот беше брзо отстранет“, соопштија од ФИФА.
Од организацијата потенцираа дека функционирањето на ВАР-системот во ниту еден момент не било доведено во прашање и дека судиите во ВАР-собата редовно ја провериле целата ситуација, вклучувајќи ги и офсајд-линиите во акцијата што му претходела на пеналот.
Според нивната анализа, не било утврдено недозволено позиционирање на швајцарскиот фудбалер, па затоа одлуката на теренот останала непроменета.
Сепак, отсуството на стандардната визуелна потврда предизвика сомнежи кај дел од навивачите и гледачите. Полуавтоматскиот офсајд-систем вообичаено прикажува детална графичка анимација со цел да се обезбеди поголема транспарентност на судиските одлуки, но овојпат таков приказ изостана.
Поради тоа, дел од јавноста, анализирајќи ги забавените снимки, се посомнева дека Ремо Фројлер можеби се наоѓал во офсајд пред прекршокот во шеснаесетникот. Сепак, телевизискиот пренос во тој момент не понуди визуелен доказ кој јасно би ги потврдил или демантирал ваквите тврдења.
During the Qatar vs. Switzerland match in the San Francisco Bay Area, a brief technical outage prevented the onside animation graphic from being generated ahead of the penalty awarded to Switzerland in the 14th minute. The issue was quickly resolved.
The workflow of the VAR was… pic.twitter.com/ONpWxXDPE6
— FIFA Media (@fifamedia) June 13, 2026
ВИДЕО | Новинарка го налути легендарниот Ромарио: Кој не разбира фудбал размислува како тебе
ВИДЕО | Бразил одигра реми против Мароко, стрелци Саибари и Винисиус Жуниор
ВИДЕО | Шок за Швајцарија во Санта Клара, Катар во самиот финиш до бод


