Вини Харлоу и Кајл Кузма во приватниот авион во кој ја запрси/Фото: PLANET PHOTOS / Planet / Profimedia

ФОТО | Славната манекенка Вини Харлоу ужива на јахта во Дубровник со ѕвездата на НБА

Познатата манекенка Вини Харлоу деновиве одмора во Дубровник со својот свршеник, НБА ѕвездата Кајл Кузма. Манекенката објави неколку фотографии од хрватскиот брег на Инстаграм и покажа како го поминува времето на Јадранското Море.

На фотографиите позира на јахта пред брегот на Дубровник, а во позадина се гледаат морето, зеленилото и камените вили. Дел од кадрите е снимен во медитеранското опкружување, а Харлоу им покажала на своите следбеници и како изгледа нејзиниот одмор во еден од најпознатите хрватски градови.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ♔Winnie Harlow♔ (@winnieharlow)


Објавата брзо собра речиси 70.000 „лајкови“, а во коментарите се нижеле реакциите од следбеници кои го фалеле Дубровник, морето, како и манекенката и нејзиниот свршеник.

Во врска се пет години

Вини Харлоу од 2020 година е во врска со НБА кошаркарот Кајл Кузма, кој во моментот игра за Милвоки Бакс. Двојката ја објави свршувачката во февруари 2025 година, откако Кузма ѝ предложи брак во текот на патување со приватен авион полн со црвени рози. Романтичното запросување се случило на островите Туркс и Кајкос, кои Кузма и Харлоу првпат ги посетиле заедно во 2022 година.

– Ми испрати порака пред една година, но јас никогаш не ја видов. Не знам што не е во ред со Инстаграм, но ова никогаш порано не ми се случило. Една година подоцна, во екот на карантинот на пандемијата, тој повторно ми испрати порака и објави моја фотографија, на што јас одговорив и реков: „О, здраво! „И така започна сè“ – изјавила Вини додека гостувала во една ТВ емисија.

Често споделуваат моменти од својата врска на социјалните мрежи, а се појавуваат заедно на бројни модни, спортски и хуманитарни настани. Пред свршувачката, тие беа во врска речиси пет години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ♔Winnie Harlow♔ (@winnieharlow)

Од девојче што го задевале до светска манекенка

Вини Харлоу, чие вистинско име е Шантел Витни Браун-Јанг, е родена на 27 јули 1994 година во Онтарио и денес има 31 година. На четиригодишна возраст ѝ бел дијагностициран витилиго, кожна состојба што предизвикува губење на пигментот, а како девојче често беше цел на задевање поради изгледот.

Вини рекла дека децата ја нарекувале „крава“ и „зебра“, а некои родители не им дозволувале на своите деца да си играат со неа,бидејќи погрешно мислеле дека витилигото е заразно. Поради сè, таа повеќепати менувала училишта, а во еден момент дури и го напуштила средното училиште.

Во 2014 година, таа се појави во шоуто „Следниот топ модел на Америка“, а голем пробив доживеа откако нејзините фотографии станаа вирални. Денес, таа е една од најпознатите манекенки во светот, првиот модел со витилиго што прошетал на модната ревија на „Викторијас сикрет“ и основачка на брендот за убавина „Кеј Скин“.

ФОТО | НБА ѕвездата Кајл Кузма во авион полн со рози и дијамантски прстен од 8,5 карати, ја запроси манекенката Вини Харлоу

ФОТО | Ѝ велеле дека нема да успее поради витилиго: Ништо не ја спречило ги оствари своите соништа!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот