Фото: Фејсбук/Блага Петреска

ВИДЕО | Ретро снимка од Блага Петреска, ваква била пред 59 години

На социјалните мрежи е објавена ретка архивска снимка од младоста на македонската музичка легенда Блага Петреска.

На снимката, Блага е со темна коса, а објавата, споделена од страницата „ВБУ Музичка архива“, потсетува на далечната 1967 година, кога младата пејачка настапила на фестивалот „Омладина“ во Суботица со песната „Ветерот, ти и јас“, чиј комплетен автор е Гоце Димитровски.

Црно-белата снимка открива едно поинакво време, кога Петреска веќе го покажувала талентот и вокалот што подоцна ќе ја вивнат меѓу најголемите имиња на македонската музичка сцена.


Блага Петреска со децении важи за едно од најпрепознатливитее пејачки на македонската народна и забавна музика. Родум од Прилеп, уште од детството покажувала љубов кон песната, а самата во интервју открила дека пеела секојдневно уште како девојче. Како што раскажа, нејзината мајка веднаш знаела дека нешто не е во ред ако еден ден не запее низ дворот. Иако растела во патријархално семејство, љубовта кон музиката била посилна и ја однела кон сцената, каде што изгради кариера долга повеќе децении.

Публиката ја памети по бројните хитови, препознатливата емоција и специфичниот начин на интерпретација. Самата Блага има кажано дека внимателно избирала композиции, водејќи се по тоа да имаат „мајсторија во себе“, поради што нејзините песни честопати не биле лесни за изведба.

Животот на пејачката не бил секогаш лесен. Таа останала вдовица на млада возраст, по смртта на сопругот со кого имала две деца. Во едно интервју откри дека никогаш повторно не се омажила, бидејќи сакала целосно да им се посвети на децата и да не ги повреди по загубата на таткото. „Сите тројца седнавме и се договоривме јас да работам хонорарно, а тие да учат“, раскажаа Блага во интервју за „Свет Австралија“.

Легендарната пејачка ја доби наградата за животно дело на Фолк фест Валандово, кој по 39. пат се одржа во Домот на културата „Јанко Узунов“ на 26 и на 27 мај. Кога ја прими наградата, фолк ѕвездата рече дека фестивалот ѝ помогнал во најтешките моменти, кога починал нејзиниот сопруг.

Емотивно издание на „Фолк-фест Валандово“ — две награди за „Солзи немам“, автобиографската песна на Благица Калева што ја испеа по загубата на сопругот и ќерката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот