Салма Хаек на отворањето на Светското првенство во фудбал 2026/Фото: Heuler Andrey/DiaEsportivo / imago sportfotodienst / Profimedia

ФОТО | Сите очи вперени во Салма Хаек — моќна црвена боја за отворањето на Светското првенство во фудбал

Светското првенство во фудбал синоќа беше официјално отворено, а овој престижен спортски настан присуствуваа, но и учествуваа бројни светски ѕвезди. Шакира ја искористи можноста уште еднаш да го потврди својот статус на поп-дива на Светското првенство, а не треба да се изостави уште една убавица која воодушеви многумина со својата модна комбинација.

Станува збор за актерката Салма Хаек, која годинава со топли зборови го отвори Светското првенство. Таа ги поздрави сите и им испрати порака за добредојде пред претставувањето на знамето. Освен формалната улога како амбасадорка на турнирот, таа привлече внимание и со својата модна комбинација.


Атрактивната Салма за оваа прилика одлучила да облече црвен костум кој ја истакнал нејзината завидна фигура и раскошните облини. Носела палто со нагласени рамена и малку струкиран крој, а додала и панталони со широки ногавици кои ја заокружиле оваа модна приказна.

Сепак, Салма не се задржала на монохроматскиот стил, туку додала кошула со раскошни цветни мотиви и панделка во нијанси на розова, зелена, жолта и сина боја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by karinalovegossip (@karinalovegossip)


Се чини дека целата нејзина модна комбинација, на некој начин, била во согласност со мотивите на знамето на Мексико, но и со сè што ја карактеризира оваа земја – енергија, живот, живописни бои и цветни детали.

Таа го заокружило изданието со рамна исфенира коса, дискретни обетки и нагласена шминка.

Актерката и продуцентка Салма Хаек, која голем љубител на фудбалот, одржа краток поздравен говор за време на првата протоколарна парада на Светското првенство, каде што можеа да се видат 48 знамиња на земјите учеснички.

„Мексиканците се многу почестени што тука започнува првиот натпревар од оваа прекрасна фудбалска традиција што нè обединува сите нас. Мексико ве пречекува со насмевки од срце, ние сме нација на различност, наследство и гордост на земјата на нашите предци каде што движењето и ритуалниот дух траат. Да живее Мексико и да живее фудбалот!“ рече Хаек, кој е по потекло од мексиканската држава Веракруз.

Инаку, целиот стајлинг на Салма Хаек е од луксузниот моден бренд „Гучи“, чиј сопственик е нејзиниот сопруг, францускиот милијарден Франсоа-Арни Пино. Тој е син на еден од најбогатите луѓе во светот, Франсоа Пино, а кој се искачи на врвот и стана претседател на францускиот луксузен конгломерат ЛВХМ кој ги поседува модните куќи „Гучи“, „Баленсијага“, „Сен Лоран“, „Ботега Венета“, како и аукциската куќа „Кристи“ и француската винарија „Шато Латур“.

 

ФОТО | Го украде целото внимание: Салма Хаек ги истакна бујните облини во тесен проѕирен фустан

ФОТО | Го украде целото внимание: Салма Хаек ги истакна бујните облини во тесен проѕирен фустан

Шакира и Бурна Бој го отвараат Мундијалот во Мексико, а шоу ќе има и во Торонто и во Лос Анџелес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот