„Добро е да се побара стручна помош“: Брејк отворено за менталното здравје
Отворено за менталното здравје, зборуваше пејачот Дарко Гелев – Брејк кој откри дека никогаш не се срамел да побара струлна помош.
Препорачано
„Не можам да го делам менталното здравје на машко, женско, детско или возрасно. Тоа е исто важно за секого. И ако некому му треба да побара професионална помош, апсолутно треба да го стори тоа. Јас така сум пораснат“, рече пејачот во интервју за „Убавина и здравје“ и додаде:
„Секогаш сум можел да разговарам со родителите и сестра ми на секоја тема. Но кога се случува нешто со кое не сакаш да ги обремениш блиските, добро е да се побара стручна помош. И на моите деца се стремам да им го пренесам истиот став“, изјави Брејк.
Во февруари, тој го издаде синглот „Една во милион“ кој за брзо време стана хит, а Брејк оттогаш е повеќе актуелен во јавност. Оваа балада, Брејк ја сними една година и два месеца по неговиот последен сингл „Оваа песна не знаев да ја напишам“. Брејк интензивно ѝ се врати на музиката по неколку години пауза. Тој заедно ги пишува песните со проверен авторски тим од негови пријатели и соработници: Игор Џамбазов, Никола Перевски-Пере и Дарко Димитров. Брејк беше гостин на славеничкиот концерт на „Нокаут“ во мај во Арената „Јане Сандански“.
„Сите ние имаме потреба од психијатар. Јас одев често, посебно во процес на првиот развод, специјално одев. По разводот, јас посебно одев поради пристапот кон детето кој имаше тогаш 8-9 години. Беше силни развиено дете, па додека влезе во пубертет, шок му направивме. Одев за да знам како да се однесувам, како да возвратам“, рече пејачот и кој е и успешен бизнисмен во емисијата „Животна приказна“ на МТВ пред пет месеци.
ВИДЕО | „Одев на психијатар“: Брејк искрено за разводот и за големата животна загуба


