ВИДЕО | Што значи „Dai Dai“? Ја откриваме тајната зад новата фубалска химна што ја испеа Шакира
Светот и официјално го зафати фудбалска еуфорија, а со тоа пристигна и нова заразна песна што на многумина деновиве не им излегува од глава.
Препорачано
Официјалната химна на Светското првенство 2026 година, песната „Dai Dai“ во изведба од колумбиската пејачка Шакира и афробит сензацијата Бурна Бој, инаку Нигериец, ги преплави радиостаниците и социјалните мрежи.
Но, додека милиони обожаватели синхронизирано го повторуваат заводливиот рефрен, на странските форуми и медиуми наголемо се дискутира што воопшто значат тие два збора и зошто се избрани како заштитен знак на историскиот турнир.
Зад краткиот наслов што лесно се памти се крие универзална порака, но и глобален проект за кој странските медиуми постојано пишуваат.
Иако првенството се одржува во Северна Америка, терминот „Dai Dai“ влече свои корени од италијанскиот јазик. Буквално преведен, тоа е страсен крик што значи „Ајде, ајде!“ или „Одиме, одиме!“.
Во спортски контекст, тоа е универзален извик на бодрење и мотивација што се слуша од трибините во текот на натпреварот.
Музичките експерти објаснуваат и дека ФИФА намерно избрала израз што не е на англиски јазик за да испрати порака за заедништво: станува збор за краток, ритмички извик што можат да го скандираат навивачите од сите 48 земји учеснички, без оглед на јазичното подрачје.
Инаку, овој проект има и хуманитарна позадина. Песната „Dai Dai“ беше лансирана во директна соработка со меѓународната организација Глобал Ситизен и Фондот за образование на ФИФА.
Сите приходи од авторски права, стриминг и дигиталната продажба се насочуваат во посебен фонд со цел да се соберат 100 милиони долари. Овие пари ќе се користат за изградба на спортски терени, училишта и обезбедување образование за децата во најсиромашните региони во светот. Со ова, Шакира ја продолжи својата долгогодишна традиција на комбинирање на музиката и филантропијата.
Откако ја освои планетата со „Waka Waka“ во 2010 година, а претходно остави печат во Германија (2006) и во Бразил (2014 со хитот „La La La“), Шакира влезе во историјата со овој настап во Мексико Сити. Таа стана единствениот изведувач во светот која четири пати ја предводел официјалната музичка програма на различни светски првенства.
Многумина се убедени дека, исто како и нејзините претходници, и „Dai Dai“ ќе стане безвременски спортски класик, а судејќи според енергијата од отворањето: уште едно жешко фудбалско лето штотуку се загрева.
Судот во Шпанија ја ослободи Шакира од обвиненијата за даночна измама
Шакира и Бурна Бој го отвараат Мундијалот во Мексико, а шоу ќе има и во Торонто и во Лос Анџелес


