ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Единствените македонски известувачи од Мундијалот: Мијалче и Наташа Дургутови
Известувањето од Светското фудбалско првенство е сон на секој спортски новинар. Да се биде дел од најголемиот спортски спектакл на планетата, одблизу да се следат најдобрите фудбалери и да се пренесе атмосферата од трибините и терените е искуство што секој новинар би сакал да го доживее барем еднаш во кариерата.
Препорачано
Токму тоа искуство ова лето повторно ќе го има македонскиот спортски новинар Мијалче Дургутов, кој заедно со својата сопруга Наташа Дургутова ќе бидат единствените од Македонија коишто директно ќе известуваат од Мундијалот. За Мијалче ова ќе биде јубилејно десетто Светско првенство во кариерата, „багаж“ поради кој веројатно ќе биде атракција меѓу колегите новинари на Мундијалот.
Во пресрет на новата мундијалска магија разговаравме со Мијалче и Наташа за предизвиците што ги носи известувањето од најголемиот фудбалски настан, за организацијата, за фаворитите за титулата, за фактите за ова Светско првенство а пред камерите на „Слободен печат“, Мијалче сподели неколку интересни анегдоти од претходните Мундијали.
ВИДЕО | Мундијалски вести: Претставување на шест групи на СП 2026


