Мундијал 2026 | Група Ј: Меси и пријателите во мундијалска битка по одбрана на „златната божица“
Светското фудбалско првенство започнува на 11 јуни кога содомаќинот Мексико ќе игра против Јужна Африка во првиот натпревар на турнирот. Ви ги претставуваме сите 48 учесници кои се распоредени во 12 групи.
Препорачано
ГРУПА Ј-Аргентина, Австрија, Алжир,Јордан
АРГЕНТИНА
Најдобри пласмани: Шампиони (1978, 1986, 2022)
Учества: 18
Рангирање на ФИФА: 3
Се очекува актуелниот шампион Аргентина, за почеток, да заврши на врвот од Групата Ј. Но, Аргентинците имаат капацитет и да го освојат својот четврти мундијалски трофеј. Ќе бидат полни со самодоверба откако станаа шампиони на Копа Америка во 2024 година. „Гаучосите“ го сочуваа своето јадро од триумфот во Катар 2022. Тие имаат тим со психолошка отпорност за лесно да ја мине групата и да продолжи во нокаут-фазата. Предводник е легендарниот Лионел Меси (38), доминантниот играч во светот долги години. Тој сè уште е во добра форма со Интер Мајами, иако имаше истегнување на тетивата пред СП. Со оглед на тоа што Меси не е толку моќен како што беше во своите златни години, се очекува товарот со него да го споделат таленти од светска класа како што се Хулијан Алварез, Лаутаро Мартинез, Алексис Мек Алистер и Енцо Фернандез. Маестро Лионел Скалони е селектор на тимот од 2018 година.
ВИДЕО | Мундијалски вести: Претставување на шест групи на СП 2026
АВСТРИЈА
Најдобри пласмани: Трети (1954)
Учества: Седум
Рангирање на ФИФА: 24
Австријците ќе го имаат својот прв мундијалски настап по 28 години, а ќе се обидат да влезат во нокаут-фазата првпат од 1982 година. Тие се предводени од поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник, кој создаде силна и поврзана екипа, особено ефикасна во одбраната. Како и секој друг тим предводен од Германецот Рангник, Австријците користат агресивна одбрана што создава притисок кон противниците и му овозможува на тимот да го контролира темпото. Давид Алаба од Реал Мадрид е капитен. Марсел Забицер од Борусија Дортмунд, Кристоф Баумгартнер од Лајпциг и ветеранот Марко Арнаутовиќ ќе бидат клучните играчи.
ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Единствените македонски известувачи од Мундијалот: Мијалче и Наташа Дургутови
АЛЖИР
Најдобри пласмани: Осминафинале (2014)
Учества: Четири
Рангирање на ФИФА: 28
Алжир се враќа на големата сцена откако ги пропушти последните две изданија во Катар (2022) и Русија (2018). Африканците се надеваат дека ќе го повторат успехот од 2014 година, кога стигнаа до осминафиналето. Алжирците ја предводеа групата Г во африканските квалификации, под водство на Босанецот Владимир Петковиќ. Нивниот напад го предводат напаѓачот на Волфсбург Мохамед Амура, кој постигна 10 гола на квалификациите и поранешната ѕвезда на Манчестер сити, Ријад Марез. Познато име е и Лука Зидан, син на легендарниот Зинедин Зидан. Алжир ја започнува својата кампања против бранителот на титулата, Аргентина.
Од Стабиле до Мбапе: Ова е листата на најдобри стрелци на сите светски првенства
ЈОРДАН
Најдобри пласмани: Досега не играле на СП
Рангирање на ФИФА: 63
Дебитантот Јордан ќе се потпре на напаѓачките таленти на Муса Ал-Тамари и Јазан Ал-Наимат, кои изградија силна репутација во азискиот фудбал по импресивниот настап на Јордан до финалето на Азискиот куп. Солидниот ранг на ФИФА (63) сугерира дека Јордан можеби крие изненадување. Тие ќе играат против Австрија во своето мундијалско деби и ќе се надеваат на чудо.
Мундијал 2026 | Група Х: Шпанија е фаворит за титулата, Биелса е најголем адут на Уругвај


