Фото: EPA-EFE/Abedin Taherkenareh

Од Стабиле до Мбапе: Ова е листата на најдобри стрелци на сите светски првенства

Доколку ги погледнеме поединечните светски фудбалски првенства од првото во 1930 година во Уругвај до последното во 2022 година во Катар, најдобар стрелец е сè уште легендарниот француски напаѓач Жист Фонтен со 13 гола од СП во Шведска во 1958 година, а збирно најдобар е Германецот Мирослав Клозе.

Жист Фонтен е сè уште крал на голгетерите на поединечните Мундијали. Францускиот напаѓач постигна 13 гола на Светското првенство во Шведска во 1958 година, но неговата слава беше украдена од тогашниот 17-годишен Бразилец Едсон Арантес Дон Насименто, или едноставно Пеле.

Пеле ја обезбеди титулата светски шампион со Бразил во Стокхолм со два гола во финалето – тоа беше неговата прва од трите титули (1958, 1962 и 1970 година).

Доколку погледне севкупно кој е моментно најдобар стрелец на сите светски првенства, тоа е Германецот Мирослав Клозе со 16 гола. Следни се Бразилецот Роналдо (15), Германецот Герд Милер (14), Французинот Жист Фонтен (13) и Аргентинецот Лионел Меси (13).

Од играчите од поранешна Југославија, најдобри стрелци беа Дражен Јерковиќ од Светското првенство во 1962 година, кога ја делеше титулата со Гаринча, Вава (Бразил), Леонел Санчез (Чиле), Валентин Иванов (Советски Сојуз) и Флоријан Албер (Унгарија). Сите постигнаа по четири гола.

Исто така, најдобар беше хрватскиот напаѓач Давор Шукер на Светското првенство во Франција во 1998 година, кога постигна шест гола.

Листа на најдобри стрелци на секое Светско првенство:

1930 – Гиљермо Стабиле 8 гола
1934 – Олдрич Неџедли 5
1938 – Леонидас 7
1950 – Адемир 8
1954 – Шандор Кочиш 11
1958 – Жист Фонтен 13
1962 – Дражен Јерковиќ, Гаринча, Вава, Леонел Санчез, Валентин Иванов, Флоријан Алберт 4
1966 – Еузебио 9
1970 – Герд Милер 10
1974 – Грегор Лато 7
1978 – Марио Кемпес 6
1982 – Паоло Роси 6
1986 – Гери Линекер 6
1990 – Салваторе Скилачи 6
1994 – Олег Саленко, Христо Стоичков 6
1998 – Давор Шукер 6
2002 – Роналдо 8
2006 – Мирослав Клозе 5
2010 – Диего Форлан, Томас Милер, Весли Снајдер, Давид Виља 5
2014 – Хамес Родригес 6
2018 – Хари Кејн 6
2022 – Килијан Мбапе 8

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот