Фото: mkd.basketball

Кошаркарите на ТФТ и следната сезона ќе играат во АБА 2 лигата

Официјално, кошаркарскиот клуб ТФТ и во следната натпреварувачка сезона ќе биде дел од регионалната АБА 2 лига.

Како минатогодишни вицешампиони на АБА 2 лигата и првопласирана екипа во регуларниот дел од сезоната во Првата македонска лига, клубот обезбеди учество во АБА 2 лигата и за сезоната 2026/27.

По тој повод, КК ТФТ сака да му се заблагодари на раководството на АБА лигата за укажаната доверба и можноста повторно да биде дел од ова престижно регионално натпреварување.

– Со голема мотивација и амбиција влегуваме во новата сезона, со желба да оствариме уште поголем успех и достојно да ја претставуваме македонската кошарка на регионалната сцена – стои во објавата на ТФТ.

Минатата сезона ТФТ пропушти две големи можности за пласман во елитата. Тие загубија во драматичното финале во АБА2 лигата од Широки, а потоа испуштија шанса и во баражот за опстанок/влез во првата АБА лига против Борац Чачак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот