Фото: ЈП „Водовод и канализациј“

Алармантни бројки од „Водовод и канализација“: Над 1.000 вработени, милионска загуба, а половина од приходите одат за плати

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Скопје ја завршило 2025 година со загуба од околу 1,3 милиони евра, и покрај тоа што располага со повеќе од илјада вработени, објави Фактор повикувајќи се на финансискиот извештај на претпријатието.

Според податоците, во претпријатието биле евидентирани 1.050 вработени кои се најголем товар за буџетот на претпријатието. Во финансискиот извештај се наведува дека овие расходи учествуваат со 47,52 проценти во вкупните приходи од работењето и со 45,80 проценти во вкупните трошоци на претпријатието во текот на 2025 година.

Вкупните трошоци за кадар достигнале околу 13,9 милиони евра, што претставува зголемување од над 11 проценти во однос на претходната година. Во истиот период е забележан и раст на бруто-платите од околу девет проценти. Пресметките покажуваат дека просечната редовна нето исплата по вработен изнесува околу 535 евра месечно. Доколку се земат предвид сите нето плати и надоместоци, просекот достигнува околу 688 евра месечно по работник. Од друга страна, реалниот трошок што го има претпријатието за еден вработен, заедно со придонесите, даноците и останатите обврски, изнесува приближно 1.100 евра месечно.

И покрај големиот број вработени и значителните средства што се издвојуваат за нив, редовното работење на претпријатието завршило во минус. Вкупните приходи од работењето изнесувале околу 28,6 милиони евра, додека расходите достигнале речиси 30 милиони евра. Овие бројки отвораат прашања за ефикасноста на работењето на претпријатието, кое управува со еден од најважните јавни системи во главниот град. Дополнително, покрај сопствениот кадар, „Водовод и канализација“ ангажира и надворешни компании за извршување на одредени услуги.

Половина Македонија пие флаширана вода, екпертите велат дека повеќе е мода отколку потреба

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот