Лежалки/ плажа - Фото: pexels-maria-sablina

Семејствата ќе плаќаат по 100 евра повеќе за лето во Грција, Црна Гора и во Хрватска

Летувањето во 2026 година во Грција, Црна Гора и во Хрватска ќе чини најмалку 100 евра повеќе за едно семејство, поради новите такси, поскапите плажи и банкарските провизии во регионот, пренесува „Глас јавности“.

Летната туристичка сезона за 2026 година веќе е во тек, а илјадници семејства од регионот се подготвуваат за патувања кон Грција, Црна Гора и Хрватска.

Иако најчесто однапред се пресметуваат трошоците за сместување и за гориво, оваа година патувањето носи дополнителни давачки кои значително го зголемуваат конечниот буџет, предупредуваат експерти.

Грција: нова еколошка такса и поскапи плажи

 

Грција воведе нова такса поврзана со климатските ризици, која се наплатува директно од туристите преку сместувањето.

Во зависност од категоријата на објектот, цените се движат од 1,5 до 3 евра по ноќ за апартмани и хотели со три ѕвезди, додека за луксузно сместување износот достигнува и до 10 евра дневно.

Ова значи дека за десетдневен престој туристите може да платат дополнителни 15 до 100 евра, надвор од основната цена на сместувањето.

Дополнително, новите регулативи за користење на плажите во Грција, кои ограничуваат дел од просторот без лежалки, ја намалија понудата на плажни барови.

Како резултат, цените на комплетите со лежалки и чадор на популарните дестинации како Халкидики и Тасос се искачија на 20 до 30 евра дневно.

Рурални пејзажи и празни песочни плажи — овој грчки остров станува една од најбараните летни дестинации

Црна Гора и Хрватска: поскапи такси и паркинг

 

Во Црна Гора, туристичката такса во познатите летувалишта како Будва и Котор изнесува околу 1,5 евра по човек дневно.

За семејство со четири члена, тоа претставува околу 60 евра за десетдневен престој.

Најголем удар врз буџетот годинава, сепак, доаѓа од цените на паркингот. Во Црна Гора и Хрватска тие значително пораснаа, особено во близина на плажите и на туристичките центри.

Во некои зони, паркирањето достигнува и до 5 евра на час, што значи дека само неколку часа дневно може да чинат колку еден оброк.

Банкомати и конверзија: дополнителни трошоци за туристите

 

Една од најчестите грешки на туристите е користењето банкомати во странство без претходна проверка на провизиите. Подигнувањето готовина со картички од домашни банки обично чини од 3 до 5 евра по трансакција, плус дополнителен процент од износот.

Дополнителен проблем претставува опцијата за динамична конверзија на валута (ДЦЦ), при што корисникот може да избере наплата во домашна валута или во евра.

Експертите предупредуваат дека секогаш е поповолно да се избере локалната валута, бидејќи конверзијата од страна на банкоматите најчесто е значително понеповолна.

Точење гориво во Македонија за помали трошоци

 

Експертите препорачуваат туристите однапред да обезбедат готовина за локалните такси, да ги планираат трошоците за паркинг и да ги избегнуваат непотребните подигнувања на пари од банкомати.

Исто така, дел од патниците избираат да точат гориво во земјите каде цените се пониски, како Македонија или Босна и Херцеговина, со цел да ги намалат вкупните трошоци за патување.

Како да испланирате летен одмор на буџет?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот