Фото: илустрација

Командант и тројца полицајци се уапсени во Србија — осомничени се дека го штителе Боске, осомничен за убиството на мафијашот Баја

Инцидентот кој завршил со пукање, според извештаите, се случил по расправија меѓу Саша Вуковиќ Боске и Милош Ниловиќ Руња, кој се поврзува со „шкаљарскиот клан“ и е познат на органите на прогонот.

Српските власти денес уапсија четворица припадници на белградската полиција поради сомнеж дека се обиделе да прикријат тепачка и пукање во локал, пренесува „Н1“.

Вишото јавно обвинителство соопшти дека е уапсен и директорот на локалот „Стек енд вaјн бар“, кој се наоѓа во белградската населба Аутокоманда.

Командантот на Интервентната единица 92, Душан Нинковиќ, неговиот заменик и раководители на интервенциски тимови се уапсени поради сомнеж дека спречиле процесуирање на осомничениот за пукањето во локалот.

Инцидентот, според извештаите, се случил по расправија меѓу Саша Вуковиќ Боске и Милош Ниловиќ Руња, кој се поврзува со „шкаљарскиот клан“ и е познат на органите на прогонот.

Нови детали за убиството на српскиот мафијаш Баја — полицијата сакала да ја заташка работата, началникот порано го советувал Вучиќ

Обвинителството соопшти дека командантот на Интервентната единица 92 и неговиот заменик во ноември 2025 година се договарале како да влијаат врз подредените раководители на интервенциските тимови откако биле известени за тепачка и пукање во локалот.

„Се сомнева дека ги повикувале телефонски и им кажувале да не ја известат увидната екипа, да не се обезбеди местото на настанот, да не се врши увид и настанот да се прикаже како вербална расправија и обична кафеанска тепачка“, се наведува во соопштението.

Раководителите на интервенциските тимови се сомничат дека по доаѓањето во локалот не ги презеле должните мерки.

На тој начин, според обвинителството, му овозможиле на осомничениот да не биде поднесена кривична пријава за предизвикување општа опасност и недозволено носење оружје.

Директорот на локалот се сомничи дека свесно пропуштил да пријави кривично дело.

За потсетување, Саша Вуковиќ Боске е во притвор од 14 мај 2026 година, бидејќи постои сомнение дека на 12 мај со истрели од пиштол го усмртил Александар Нешовиќ, познат како Баја, а потоа со помагачи го сокрил неговото тело во буре и го закопал во близина на Јарковачкото Езеро.

Сега веќе поранешниот началник на белградската полиција, Веселин Милиќ, беше уапсен заедно со уште 10 луѓе поради убиството на Александар Нешовиќ во ресторанот „27“ на Сењак на 12 мај.

Првично се сомневаше дека злосторството било извршено во присуство на Милиќ и дека тој, заедно со уште тројца полицајци од неговото обезбедување, учествувал во отстранувањето на трагите од злосторството.

Вишото јавно обвинителство на 3 јуни соопшти дека кривичната пријава против тие тројца полицајци била отфрлена, исто така поради недостиг на докази.

Нови детали за убиството на српскиот мафијаш Баја — полицијата сакала да ја заташка работата, началникот порано го советувал Вучиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот